Деца од предшколска возраст ја посетија полициската станица за безбедност во сообраќајот во рамки на кампањата „Мојот полицаец“
Во рамките на превентивната кампања „Мојот полицаец“, вчера (15.05.2024), деца од предшколска возраст од централната детска градинка „Јасна Ристеска“ ја посетија полициската станица за безбедност во сообраќајот-Охрид.
Притоа, на најмладите им беше презентирана дел од опремата и материјално техничките средства што ги користат сообраќајците во секојдневната работа како и полициските возила и моторциклите што, предизвика најголем интерес кај децата.
Во разговор, полициските службеници на децата од детската градинка им објаснија колку е важно да се почитуваат сообраќајните знаци и како треба безбедно да се учествува во сообраќајот.
Целта на превентивната кампања „Мојот полицаец“ е приближување на полицијата до децата како најмала категорија на граѓани, развивање на нивната безбедносна култура, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател.
Во рамките на кампањата, ќе бидат вклучени и деца од другите градинки.
WebOhrid / 16.05.2024 / СВР Охрид