Децата кои ја следат Бреинобреин програмата испратија силна порака за чиста, здрава и безбедна животна средина
Промоција на здрави животни навики, прекрасно дружење, спортување, забава беше обележје на денешниот настан во организација на Центарот за развивање на животни вештини при БОБ-Црвен крст Охрид, а организиран во рамки на светската кампања за зачувување на животната средина и климатските промени. Дел од децата кои ја следат Бреинобреин програмата, заедно со своите родители и тренерите на БОБ програмата, од денешниот настан испратија силна порака дека сакаат да живеат во чиста, здрава и безбедна животна средина.
Исто така, денес Црвен крст Охрид во соработка со Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања –Охрид под мотото „БИДИ ХЕРОЈ НА СВОЕТО СРЦЕ“ го одбележаа светскиот ден на срцето организирајќи бесплатни здравствени прегледи на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски во Охрид“ за општата популација.