Децата од детската градинка „Билјана“ во посета на Езерската полиција
Педесетина деца од детската градинка „Билјана“, денеска ја посетија Полициската станица за граничен надзор – Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција и оделението за превенција предводено од началникот Миле Јаковчески, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција.
Најмладите, на денешниот едукативен час со виден интерес ги разгледаа полициските чамци и глисери, полициските скутери како и возилата и моторциклите што, останатите полициски службеници постојано ги користат во секојдневното извршување на другите работни задачи.
Денешната посета на децата од градинката е планирана активност во рамките на проектот „Мојот пријател полицаец“.