26/11/2024
Охрид

Децата со посебни потреби ќе имаат дневен престој – усвоен проектот на Левица

Во Советот на општина Охрид едногласно усвоен проектот на Левица за обезбедување простор за дневен престој за деца со посебни потреби.

Денес, на 9-та Седница на Советот на општина Охрид, од страна на советниците, едногласно беше изгласана Точка 7 од дневниот ред на седницата: Предлог одлука за прифаќање иницијатива и отстапување времено користење простор за Центар за церебрална парализа и други нарушувања на психомоторниот развој.

Ова е еден од проектите на Левица кои беа услов за поддршка на мнозинството во избор на претседател на советот. Проектот беше поддржан од градоначалникот и од претседателот на совет и секретарот на општина Охрид.

Со реализација на овој проект на Левица конечно на децата со посебни потреби ќе им се обезбеди простор за дневен престој и ќе се овозможи нивна социјализација и поквалитетен живот.

„Со реализација на овој проект покажавме и докажавме дека интересите на децата и на младите се нашиот приоритет.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 15.03.2022 / Левица ЛО Охрид