Дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го пречекаа Дедо Мраз на охридскиот аеродром
Видно возбудени, со широки насмевки на лицата, 260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, вчера го пречекаа Дедо Мраз кој слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Најсаканиот дедо на Светот ги дарува дечињата со пригодни подароци и им посака среќа и весело детство во Новата година.
Пакетчињата за најмладите ги обезбеди Општина Охрид, којашто заедно со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е организатор на настанот, а со поддршка на ТАВ Македонија и АД „Галеб“ коешто обезбеди превоз на дечињата до аеродром.