23/11/2024
Спорт

Дејан Ангелоски ќе учествува на Младинското светско првенство во скајранинг

Претстојниот викенд на Пиринеите во Андора се одржува Младинско светско првенство во скајранинг, каде ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории.

Македонија на ова првенство ќе ја претставува охриѓанецот од Шипокно и член на АК “Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски, кој ќе се натпреварува во категорија до 23 години. 

Настапот на Дејан е во недела сабајле, му посакуваме среќен пат, многу успех, лесни нозе и секако да ужива во освојувањето на височините на Пиринеите. 

Напред Дејан, напред Македонија!


WebOhrid / 21.07.2022 / АК „Охрид трчаТ“