25/11/2024
Спорт

Дејан Георгиевски – Европски првак во Таеквондо

На Европското првенство во Таеквондо во Софија (Бугарија), Дејан Георгиевски, во олимписката категорија над 80 кг. го освои златниот медал и стана Европски првак во Таеквондо.

Дејан Георгиевски во првото коло го совлада италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада турчинот Сердар Јуксел. Во четвртфиналето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето го победи Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко по што Дејан се искачи на врвот на Европското Таеквондо.

Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен (4-5 Март 2017), а на Светското Првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. На ранг листата на Светската Таеквондо Федерација тој е на 120-то место, но сигурно после оваа Европска титула, Дејан многу ќе напредува и на оваа листа, со што ќе биде и многу поблиску до неговиот и нашиот сон и учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.