Делегација на МВР на 5-та Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха
Делегација на МВР предводена од државниот секретар м-р Магдалена Несторовска присуствува на 5-та Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха,Катар.
Државниот секретар на МВР и Национален координатор на Република Македонија, м-р Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со министерот за развој на администрација, труд и социјална политика и Национален координатор за трговија со луѓе на државата Катар, д-р Еиса Саад Ал Наими на која беа разменети искуства во врска со потребата од градење заеднички пристап во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција. Исто така, на средбата министерот Ал Наими во името на Државата Катар ја изрази потребата од продлабочување на соработката помеѓу двете држави и во други области од заеднички интерес на Република Македонија и Државата Катар.