Делегација на Обединети за Македонија положи цвеќе на спомен обележјето на патронот на општината Ѓорче Петров
Делегација на Обединети за Македонија Ѓорче Петров предводена од претседателот на младината и член на претседателството Михаил Новковски положи свежо цвеќе на спомен обележјето на патронот на општината Ѓорче Петров.
„На денот на упокојувањето на Ѓорче Петров се потсетуваме на неговото дело и допринос за слободата на Македонија, со негувањето на историјата и оддавањето почит на личностите од неа го негуваме коренот, народ без корен е народ без историја кој ако истиот не го негува неможе да продолжи кон иднината.“ – истакнуваат од Обединети за Македонија.