23/11/2024
Охрид

Делегација на Општина Чајетина во посета на Охрид

Во рамките на посетата на Охрид, делегацијата на општина Чајетина од Република Србија, предводена од заменик претседателот Арсен Ѓуриќ, имаше средба со секретарот на општина Охрид Игор Бежоски. На средбата се разговараше за воспоставување на меѓусебна соработка, особено во туристичкиот сектор.

Претставниците на општина Чајетина, претходно во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид и амбасадата на Република Србија во Република Македонија во Скопје имаа презентација на нивните бизнис и туристички потенцијали.