21/12/2024
Охрид

Делегација на Општина Охрид положи цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите  во градскиот парк, по повод 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ и од политичките партии во градов.