26/11/2024
Охрид

Делегација на Општина Охрид во посета на Крагуевац

По повод Денот на градот Крагуевац, 6 мај, делагација на Општина Охрид составена од советниците Снежана Стефаноска и Сашо Ставрески и раководителот на одделението за подршка на советот Ана Николоска, присуствуваше на мајските свеченостите, кои годинава се во знакот на 200 годишнината од прогласувањето на Крагуевац за престолнина на модерна Србија.

На средбата со градоначалникот Радомир Николиќ беа потврдени искрените и пријателски врски меѓу Охрид и Крагуевац и подготвеноста во иднина да се надградат и продлабочат, во интерес на двата града.

На свеченостите во Крагуевац, покрај претставниците на Охрид, присуствуваа и 11 делегации од пријателски и збратимени градови од Европа.