Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга положи свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата
По повод 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга положи свежо цвеќе на спомен плочата на Споменикот на Револуцијата.
„Наклон за сите паднати борци за слобода на нашиот град!
Овој ден нека е симбол на слободата и нека ни е патоказ и водилка да го чуваме и негуваме она што нашите предци го извојувале крваво и макотрпно!
Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга!“ – велат од партијата.