Делегација на ВМРО-ДПМНЕ Струга положи цвеќе на спомен плочата на Споменикот на Револуцијата
По повод 11-ти Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ за ослободување, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга предводена од претседателот Мирче Аџиоски, заедно со делегација од Армијата на Република Македонија и Сојузот на борци ОО Струга положи свежо цвеќе на спомен плочата на Споменикот на Револуцијата.
„Нека е честит 11-ти Октомври!
Да живее слободна Република Македонија!“– стои во соопштението.