25/11/2024
Спорт

Делегација од КФМ на прием во Агенцијата за млади и спорт

Карате репрезентацијата на Македонија која настапи на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори у21 кое се одржуваше во Тенерифе, Шпанија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на агенцијата Дарко Каевски во своето обраќање посочи дека со освојувањето на две петти места и неколку пласмани во 4-то коло на едно големо натпреварување како што е Светското првенство, оваа генерација македонски каратисти докажа дека пред неа е светла иднина.

Каевски додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи безусловно да го помага каратето во Македонија, бидејќи уште еднаш се докажа дека Македонија има иднина во спортот кој на редовната програма на Младинските Олимписки игри во Буенос Аирес 2018 и Олимписките игри во Токио 2020 година.

Тренерите на државните репрезентации зборуваа за настапите на ова СП. Селекторот во борби за кадети и јуниори Александар Кузмановски истакна дека покра Марио кој е на 5–то место и евидентен кандидат за борба за норма на Младинската Олимписки игри, има уште неколку кои ќе се борат за настап во Буенос Аирес. Исто така имаше уште неколку натпреварувачи до 4-то коло како што се Роберто Ацковски јуниори и Ангела Мојсовска која и покрај повредата, беше најдобар претставник на Македонија во категоријата помлади сениори У21.

Селекторот на ката репрезентацијата Стојан Андриевски напомена дека овој настап на шампионатот е резултат на повеќегодишна работа со младите категории кои го продолжуваат континуитетот и се светла перспектива. Во оваа категорија покрај 5–то место на машкиот тим, Владанка Аврамова дојде до 4 коло кадети, Александар Неделковски до 3 коло, а детали решаваа за подобри резултати и пласмани на Кириана Камчевска јуниори и Маријана Димоска во помлади сениори У21.

На овој шампионат дел од карате репрезентацијата на Македонија беа и неколку судии. Боби Војдиновски положи за највисока А лиценца светски судија, додека за Б лиценца положија Игор Лазарев и Нуредин Мисини. Македонија има вкупно 9 судии со светска лиценца и е меѓу државите со најголем број судии од највисок ранг.

Светското Првенство во Тенерифе беше рекордно со 1710 натпреварувачи од 109 држави.

Ова беше уште еден настап во кои и каратето и КФМ како организација, но и Македонија како држава се претставија на високо ниво.