Делницата на влезот од Охрид се пушта во употреба за редовен сообраќај
СВР Охрид ги информира граѓаните дека денес од 11:00 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајната клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај.
Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга.
СВР апелира до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот.
WebOhrid / 05.07.2023 / СВР Охрид