26/11/2024
Македонија

ДЕМАНТ: Средбата со Независната комора на угостители со претставници на Владата не е откажана

На барањето на Независната угостителска комора за средба со владини претставници беше одговорено потврдно и закажана е утре, петок 29.01.2021 година во 14:30 часот во Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија.

Утрово го известивме претседателот на НУК, Здравко Јосифовски дека поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата, но дека истата ќе се одржи со министерот за економија, Крешник Бектеши и претставник од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања.

Во кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши се уште не е пристигнато никакво известување дека средбата се откажува ниту дека претставниците на НУК не сакаат да се сретнат со претставници на Владата.