Демир Далип оствари средба со евроамбасадорот во РМ, Самоел Жбогар
Демир Далип, лидерот на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕЃИПКАНИТЕ, ја продолжува својата агенда, на средби со највлијателните Амбасадори во Р.Македонија. После, средбата со Францускиот Амбасадор Кристијан Тимоније, тој оствари неформална средба во Охрид, со Евроамбасадорот, Самоел Жбогар.
Како, што се наведува од НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕЃИПКАНИТЕ, станало збор за учеството на Еѓипканите од Охрид во туризмот, но и тоа, кои се мoжностите за влез на Еѓипканите во Уставната Преамбула. Како, што истакнува Демир Далип, овој процес е премногу комплициран и треба секој да биде внимателен во изјавите, а последната средба со Америчкиот Амбасадор во земјата, Бејли, ќе ја даде целокупната слика. Далип, додаде дека и ако евентуално се интервенира во Уставот, голем прашалник е дали Еѓипканите ке бидат делод истата, бидејки потребна е подршка од речиси сите парламентарни партии. Најавена е, и понатамошна активност и средби со највлијателните Амбасадори во државата, а сесо цел, детално да се запознаат со „Еѓипканското прашање“.