Демир Далип: Отворена е опцијата да се кандидирам за независен кандидат за претседател на Р.Македонија
Идејата, да се оди со Независен Кандидат за Претседател на Р.Македонија, со етнички Македонски Ром или Египќанец, се роди после неколку средби и анализи со врвни интелектуалци Роми и Египќани, кои имаат свој интелектуален капацитет, личен интегритет и капацитет, како и докажани во својата професија, чесни и кои си ја сакаат својата татковина Р.Македонија. Свесни сме, дека е исклучително тешко да стане таков кандидат Претседател на државата, но нашата цел е да ги урнеме предрасудите и стереотипите за Ромите и Египканите. Сакаме, да докажеме дека има образован кадар, дека сме лојални и интегрален дел на Р.Македонија. Вториот мотив е да оневозможиме да се слоупотреби и потцени гласот на граганите-припадници на овие етнички заедници, и со нивна помош, некој да спечали фунција, а потоа целосно да заборави и на Ромите и на Египканите. Секако, ова би било демократска придобивка, а во таа група на Апликанти сум и јас, како еден од промотрите на ИДЕЈАТА. Ако, ја добијам подршката, нема да се поколебам да бидам Независен кандидат за Претседател на Р.Македонија. Оваа идеја ги вознемирило големите политички играчи, но и покрај сите обиди за деградација, притисок и недемократски средства за уцена, ова ИДЕЈА ке продолжи да се афирмира.
Демир Далип – НВО Коалиција на Египќани
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.