Демократски сојуз: Брутален напад на правото
Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставува брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години.
Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не ги гласаат предложените измени, со целосен бојкот на седницата.
„Ги повикуваме новинарите, невладиниот сектор, експертите и граѓаните гласно да се спротивстават на овој криминален акт кој треба да го верифицираат пратениците на СДСМ и на ДУИ.
Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа.
Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа.
Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор.
Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.
WebOhrid / 06.09.2023 / Демократски сојуз