29/11/2024
Македонија

Демократски сојуз: Брутален напад на суверинитетот на Украина

„Демократскиот сојуз ја осудува инвазијата на Русија над Украина и оваа воена интервенција е брутален напад на суверинитетот и територијалниот интегритет на Украина и  кршење на меѓународното право.

Бараме осуда на овој брутален чин од претседателот на државата, Владата и Парламентот и усогласување на нашата надворешна и безбедносна политика со НАТО И ЕУ.

Воедно укажуваме на потреба да се преземат сите неопходни мерки поврзани со кризата во Украина и пошироко, се со цел да се заштитат нашите стратешки и витални интереси.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.


ВебОхрид. / 24.02.2022 / Демократски сојуз