Демократски сојуз: Честит празник на сесловенската писменост и култура
Демократскиот сојуз на сите Македонци и граѓани на Македонија им го честита празникот Свети Климент Охритски, еден од најсветлите датуми на сесловенската писменост.
„Свети Климент Охридски е светец, учител, писател и просветител на Македонците и Словените. Тој е најистакнат следбеник и ученик на Свети Кирил и Методиј, како и основач на првиот Словенски Универзитет во Охрид.
Свети Климент е и столб на Македонската писменост, кој живеел и творел во Деветиот век во Охрид и пошироко во Македонија.“ – стои во честитката од Демократскиот сојуз.