26/12/2024
Македонија

Демократски сојуз: Членството во НАТО, гарант за стабилноста на Македонија

„Со заокружување на процесот на целосна интеграција на Македонија во НАТО, се јакне стабилноста на државата и пошироко на Балканот.

Стабилноста и правната сигурност се основни предуслови за подинамичен економски развој, странски и домашни инвестиции и создавање клима за младите да останат овде во својата татковина.

Во овие сложени и турбулентни политички состојби, од исклучителна важност е сите партии да водат сметка за внатрешната стабилност и за нашите национални и државни интереси, а тоа се евроинтеграциите кои ги движат сите процеси во Македонија.

Демократскиот сојуз очекува до крајот на годината ЕУ да ги отвори вратите за Македонија и да започнат пристапните преговори.

Направивме многу тешки и болни отстапки за да фатиме чекор со НАТО и ЕУ. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобра иднина.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.