Демократски сојуз: Да е вечна Македонија
Демократскиот сојуз на сите Македонци и граѓани – припадници на другите народи, им го честита Илинден, Денот на Републиката, со силна верба дека овој ден сите ќе не обедини за просперитет, јакнење на унитарноста и сувереноста на Македонија.
„Исправени сме пред сериозни предизвици и само сплотени и горди на сопствената држава можеме да чекориме напред.
Имаме завет од тие што загинале за слободна и независна Македонија, како и обврска за идните генерации, да ја развиваме демократијата, да имаме разбирање за различноста, да отвораме перспективи за младите и да ја чуваме Македонија.
Честит Илинден.“ – стои во честитката од Демократски сојуз.