22/11/2024
Македонија

Демократски сојуз: Да ја градиме и чуваме Македонија

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 8 Септември, денот кога пред 33 години, сите граѓани без разлика на етничката припадност плебисцитарно се одлучија да живеат и создаваат во самостојна, суверена, модерна  и независна Македонија.

Демократски сојуз, потсетува дека само со слога, сплотеност и државничко однесување, но и со многу работа и  зачувување на националниот дигнитет, можеме да чекориме напред и да го зачуваме и одржиме заветот на нашите предци и на идните генерации да им ја оставиме Македонија како парче земја во која вреди да се живее и твори!

Пред Македонија се отвораат перспективи и од сите нас зависи дали ќе направиме коренити реформи и ќе обезбедиме услови за подобар живот за сите.

Европските стандарди не се достигнуваат со декларативни заложби, со правење отстапки на штета на националните интереси и унитарниот карактер на државата, туку со работа, принципиелност, посветеност и давање шанса на сите способни и креативни кадри.

Да ја градиме и чуваме Македонија!


WebOhrid / 08.09.2024 / Демократски сојуз