Демократски сојуз: Да се заштити Македонија од Ковид-19
Демократскиот сојуз укажува на потребата, РС Македонија, рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот Ковид-19, да ги усогласи со мерките на Европската Унија (градирање на државите и регионите во црвена, портокалова и зелена зона). Во оваа насока сметаме дека влез на странски државјани во РС Македонија треба да се дозволува само со ПЦР тест, доколку тоа го бараат и земјите членки на ЕУ.
ДС е за слободно движење на луѓето и капиталот, но во услови на пандемија, државата мора да презема мерки и на граница при влез на наши и странски државјани (мерење на температура, ПЦР тестови и слично).
Поради високиот процент на инфицирани од Ковид-19, неопходни се дополнителни заштитни мерки и во внатрешноста на државата, како и почитување на препораките на здравствените власти и одржливи мерки за функционирање на здравствениот систем.
Во превентивните мерки треба да се вклучат и поличките партии, верските заедници, училиштата, компаниите, како и сите државни институции.