21/11/2024
Македонија

Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на ДИК

„Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ, да не го блокираат изборот на член на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците, бидејќи тоа е законска обврска.

Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и партиципира со свои министри во Владата и другите ешалони на власта и нема законски основ да предлага, односно да поддржува кандидат за член во ДИК.

Решенијата од Изборниот законик се јасни и опструкциите од ДУИ и СДСМ укажуваат на можно сценарио за кршење на изборните правила и оспорување на изборните резултати.

Ја повикуваме Комисијата за избори и именувања да постапи согласно законите и да не биде дел од сценариото за блокада на комплетирањето на ДИК.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.


WebOhrid / 26.12.2023 / Демократски сојуз