Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија
Деновиве сме сведоци на засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ. Овој притисок е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните.
Демократскиот сојуз смета дека колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености.
Демократскиот сојуз ги повикува претседателот на државата, премиерот и министрите за надворешни работи и евроинтеграции директно, но и преку ЕУ и стратешкиот партнер САД, да бараат еднакви права за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија.
WebOhrid / 31.05.2023 / Демократски сојуз