26/11/2024
Македонија

Демократски сојуз: НАТО, гаранција за мир и стабилност

„По  долг процес на воспоставување и јакнење на демократски институции и реформи во одбранбено – безбедносниот систем,но и со тешки и болни компромиси, Македонија ја оствари една од стратешките цели, членство во НАТО.

НАТО не е само воен сојуз, тој е и организација која ги поддржува демократијата,  универзалните вредности и човековите права и слободи. 

 Членството во НАТО не обврзува на континуирани реформи во сите области, на јакнење на внатрешното единство и стабилност, како и градење на капацитети за одбрана на суверинитетот и територијалниот интегритет. 

Политичкиот и граѓанскиот консензус, придонесоа, Македонија да биде дел од НАТО со сите предности но и одговорност при носењето на круцијални одлуки сврзани со мисијата на НАТО, гарант на територијалниот интегритет на сите земји, членки на НАТО.  

Со членството во НАТО, многу поблиску сме и до Европската Унија, поради што апелираме ЕУ, да ги започне преговорите за полноправно членсто на Македонија во ЕУ.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.


WebOhrid / 27.03.2022 / Демократски сојуз