30/11/2024
Охрид

Ден на виното со Драган Б. Костиќ

Вино од најдобрите македонски винарии, сирење, дружба и одбрана музика со легендарниот Драган Б. Костиќ предвидува денешниот календар во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Настанот ќе биде збогатен и со настап на Александар Митевски, а ќе се одржи на големата сцена на Градскиот плоштад во Охрид, каде се веќе поставени посебни тезги за оваа намена, со почеток во 20:00 часот.

Синоќа на малата сцена со одличен избор на рок класики настапија младите High Voltage од Охрид. Во составот на бендот се: Јован Јованоски, вокал и ритам гитара, Јован Чифлигароски на соло гитара, Christopher Abu Saleh на Тапани и Марина Ангелоска на бас гитара.

Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. Предвидени се поголеми настани на 7-ми јануари, за празникот Божиќ кога ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година кога ќе уживаме во музиката на Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици кога ќе настапат Фолтин, со што ќе биде крунисана целата манифестација.