Денес даночните канцеларии со продолжено работно време за прием на годишна даночна пријава
Денес / 15 Март истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП), поради што Управата за јавни приходи го продолжува работното време на даночните канцеларии со цел граѓаните да можат да ги запазат законските рокови за исполнување на нивната обврска за пријавување на приходите.
- Сите Регионални дирекции на УЈП (Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Прилеп) ќе примаат пријави до 21:30 часот;
- Сите Даночни одделенија на УЈП (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар) ќе примаат пријави до 18:00 часот;
- Сите Даночни шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово), вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18:00 часот.
За ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.
Корисни информации
Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 14.03.2018 година | |||
Регионална дирекција на УЈП | Хартиени | Електронски | ВКУПНО |
Скопје | 148,000 | 1201 | 149,201 |
Битола | 53,311 | 137 | 53,448 |
Тетово | 51,338 | 160 | 51,498 |
Струмица | 34,311 | 124 | 34,435 |
Прилеп | 35,158 | 117 | 35,275 |
Штип | 69,093 | 195 | 69,288 |
ВКУПНО | 391,211 | 1,934 | 393,145 |
Извор: Управа за јавни приходи
- (ПДД-ГДП) Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21)
- Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2)
- За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.