Денес е исплатена октомвриската плата за вработените во основните и средните училишта во Охрид
По надминувањето на недоразбирањето со Министерството за образование, денеска е исплатена октомвриската плата за вработените во дванаесетте основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид.
Причина за доцнењето на платите на просветните работници, беше различното толкување на законските прописи од оваа област.