Денес и утре дожд, за Велигден стабилно и топло време
Од УХМР известуваат дека врнежите ќе продолжат и денес и утре (сабота) претпладне. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.
Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.
Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.