22/10/2024
Охрид

Денес ќе се изврши извлекувањето на наградите од акцијата „За посреќно детство“

Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ информираме дека извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди ќе се изврши денес, четврток, 17.10.2024 година во 18:00 ч. Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtube.com/live/sKIyd64ITrE?feature=share

Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот: https://youtube.com/live/sKIyd64ITrE?feature=share

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 46.182 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.


WebOhrid / 17.10.2024 / Црвен крст Охрид