Денес ќе се одржи 26-та седница на Советот на општината Дебрца
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 26-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 26–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 19.08.2019 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 25-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Измени и дополнување на Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2019 година
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање комбинирани паралелки во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2019/2020 година
- Предлог – Одлука за издавање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2019/2020 година
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на културата во општина Дебрца за 2019 година
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1473/1 КО Требеништа)
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски