Денес се навршуваат 13 години од езерската несреќа на бродот „Илинден“
Денес се навршуваат 13 години од најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро, кога потона бродот “Илинден“. По тој повод, денес делегација од Бугарската амбасада во Скопје, претставници на локалната самоуправа, Капетанијата од Охрид и граѓански здруженија положија свеже цвеќе на меморијалнииот споменик, посветен на жртвите.
Бродот “Илинден“ превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, а потона на 250 метри од брегот, при што загинаа 15 бугарски туристи.
WebOhrid / 05.09.2022 / Општина Охрид