Денеска се потврдени 40 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 11 пациенти, почина 1 лице
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје 2, Штип 1, Прилеп 4, Велес 2, Кочани 2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 26, Куманово 1, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 1, Битола 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 673, активни 169
- Куманово 419, активни 23
- Дебар 51, активни 0
- Штип 38, активни 3
- Прилеп 204, активни 55
- Тетово 161, активни 73
- Струга 71, активни 5
- Велес 127, активни 52
- Битола 28, активни 9
- Охрид 21, активни 6
- Кавадарци 5, активни 0
- Гостивар 21, активни 4
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 3, активни 1
- Крива Паланка 6, активни 1
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 1
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 0
- Неготино 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Валандово 1, активни 0
- Виница 3, активни 1
- Кратово 2, активни 1
- Берово 1, активни 1
- Свети Николе 1, активни 1
Направените 549 теста се преку: ИЈЗ 302, Ветеринарен факултет 25, Авицена 24, Биотек 36, Филип Втори (Жан Митрев) 42, Систина со PCR метода 26 и МАНУ 94. Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на КОВИД-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај вработен во градинка во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.