07/10/2024
Македонија

Денот на европското културно наследство ќе се одбележи во Музејот на Народната банка

Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура.

По тој повод, Музејот на Народната банка на 28.9.2024 година (сабота) ќе биде отворен за јавноста од 10 до 16 часот.

За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница под наслов „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот.

За повеќе информации за Музејот на Народната банка и како да го посетите, на следнава врска: https://www.nbrm.mk/muzej.nspx


WebOhrid / 24.09.2024 / Народна банка