Денот на шегата одбележан и во ОУ „Григор Прличев“
Денот на шегата се одбележа на најзабавниот начин во ОУ „Григор Прличев“ како во централното училиште, така и во подрачното во Нас. Рача.
Учениците од одделенска настава заедно со нивните наставници уживаа во прекрасниот ден во прошетката до Градскиот плоштад, како и дефилето на плоштадот. Дел од учениците беа вклучени во ликовната работилница која се реализира во училишниот двор. Многу насмевки го обоија овој ден кога се слави насмевката, кога треба да се каже шега -а победник е највеселиот.
Преку бројните маски, од кои поголемиот број ученици сами или со помош ги изработиле, низ шаренилото од цветови, херои, пирати и што уште не … се реализира најсуштественото за детскиот свет –играта. Радоста во детските очи е најголемата награда за нас возрасните, да, денес покрај нив и ние уживавме, како и граѓаните кои имаа можност да го проследат дефилето.