„Денови на кариера“ во Касарна Хаб
Поврзување на ИТ компаниите кои нудат работа и невработените кои имаат ИТ вештини е целта на дводневниот настан „Денови на кариера“ кој започна денеска во Касарна Хаб во Охрид.
На настанот учествуваат компаниите: Netcetera Macedonia, Slice Macedonia, Particles, Stellar Solutions Skopje, Writerity, IT Labs, Recolinks, Vitech, Webiart, а вкучена е и Агенцијата за вработување. Овие компании имаат околу 50 отворени работни позиции и можности за пракса.
Во рамките на настанот, денеска се одржа работилница насловена „Дали сум привлечен за работодавачите“, а превидена е и панел дискусија на тема „Јаз меѓу пазарот на труд и образованието“.
За утре е планирана презентација на тема „Какви работни позиции постојат во ИТ компаниите и кои вештини се бараат“ и споделување на искуства од вработени во ИТ секторот на тема „Се што сакате да знаете за ИТ секторот, а сте немале кого да прашате“.
WebOhrid / 21.12.2022 / Општина Охрид