Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ утревечер во Центарот за култура во Охрид
Детски филм „Брат ми брка диносауруси“ (Mio Fratello Rincorre Dinosauri)
Кино проекции во четврток (09.12.2021) почеток 18:00 часот, цена на карта 100 денари.
Кратка содржина:
Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џио од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Оригиналниот изглед на Џио навистина го менува светот, исто како суперхерој.
Година: 2019
Режија: Стефано Ципани
Времетраење: 101 мин
Земја: Италија
Жанр: Комедија, фамилијарен
Дистрибутер: Катавеј
Возрасна Категорија: 12+
Карти по цена од 100 денари во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
WebOhrid / 08.12.2021 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид