Дигитализирана едицијата „Охридско книжевно наследство“
Општина Охрид преку Програмата за култура во делот на Издавачка дејност го реализира проектот Охридско книжижевно наследство. Приредувачи на проектот се проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски.
Едицијата: „Охридско книжевно наследство“ започна во 2018-тата година и опфаќа 11 книги.
Во рамките на оваа едиција се книгите:
- „Дојди во Охрид“(Антологија на песни за Охрид), 2018 г,
- „Антологија на ловорот“, 2020 г.
- „Книга за Чинго“, 2021 г.,
- Охридски раскажувачи, 2022 година,
- Книга за светите браќа Кирил и Методиј, 2022 г.
- Книга за светите бража Климент и Наум Охридски, 2022 г.
- „Охридскиот XIX век“, 2023 г.,
- „Охридски поети“, 2023,
- Охридските писатели за деца и младинци, 20254 г,
- „Охридските драмски писатели“, 2024 г,
- „Охридските писатели во книжевната критика“, 2025
Во текот на 2025 година ќе бидат издадени книги Охридски фолклористи, Охридска историографија и Охридска книжевна школа. Целта на проектот е да се соберат на едно место сите охридски духовници, преродбеници, револуционери и други општествени дејци кои оставиле свој траг во целокупната охридска меморија.
Должност на Општина Охрид е да го чуваме македонскиот јазик, македонските великани и да го зачуваме споменот на сите кои пред нас го трасирале патот на македонската култура и општество.
Со Дигиталната форма, оваа едиција станува подостапна за научната јавност, како и на помладата генерација која работи или ќе работи на истражувања поврзани со познатите охридски имиња.
Преку дигиталната верзија на оваа едиција Општина Охрид како издавач овозможува истата да стане подостапна за целокупната јавност, читајќи, прелистувајќи , превземајќи содржини за сите читатели.