Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ, го поздрави Папата Франциск
Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ го поздрави папата Франциск пред Спомен куќата на Мајка Тереза каде Поглаварот на Римокатоличката црква се сретна со верските лидери. Според протоколот во овој простор влез е дозволен само за граѓаните со покана и обезбедена влезница од католичката црква.
Папата Франциск ја посвети оваа апостолска посета и на големата светица Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.
Централниот настан, светата миса е на плоштадот Македонија во Скопје каде Папата беше пречекан од мноштвото собрани граѓани. По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства. По официјалниот пречек, Папата се сретна со претседателот во заминување Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претставници од граѓанскиот сектор и со дипломатскиот врв.
Во Скопје за прв пат допатува Папата Франциск, а неговата посета се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу нашата држава и Ватикан.