Дневен ред за четвртата седница на Локалното собрание на млади на Општина Охрид
Се известуваат членовите на Локалното собрание на млади на општина Охрид дека четвртата седница на Локалното собрание на млади ќе се оддржи на ден 11.06.2021 година (петок) во 10 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид. Новите делегати и заменици кои треба да бидат верифицирани задолжително со себе да носат документ за лична идентификација. Во прилог дневниот ред за седницата.
11.06.2021 (петок), 10.00 часот, Голема сала на Советот на општина Охрид
- Избор на записничар на Локалното собрание на млади на општина Охрид,
- Усвојување на записникот од третата седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Одлука за престанок на мандатот на членови во Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Одлука за престанок на мандатот на Претседавачот на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Избор на верификациона комисија;
- Усвојување на извештајот на верификационата комисија за верификација на мандатот на новите членови на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Избор на изборна комисија која ќе го спроведе изборот за Претседавач на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Избор на Претседавач на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Разно;