Доделени наградите и признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал
На гала свеченост во МНТ, Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019. Елиф Елмас е најдобриот наш играч кој е репрезент во странство. Висар Муслиу, како играч на Шкендија е најдобриот фудбалер. Југослав Тренчовски е најдобриот тренер, Влатко Стојановски најдобар стрелец. За најдобар млад играч беше прогласен талентот на Вардар Џемаил Ибиши. Награда за животно дело доби Атанас Костовски, а постхумна награда за придонес во развојот на македонскиот фудбал доби Слободан Вујчиќ Брацо, големиот пријател на Македонија и нашиот фудбал. Награда доби селекцијата до 19 година која оствари пласман во елитните квалификации за ЕВРО. Стефан Ристовски пак, доби посебно признание за развој на репрезентативниот фудбал.
НАЈДОБРИ ПО КАТЕГОРИИ ЗА 2018/2019:
Репрезентативец во странство: Елиф Елмас (Наполи)
Фудбалер: Висар Муслиу (Шкендија)
Тренер: Југослав Тренчовски (А. Пандев)
Стрелец: Влатко Стојановски (Ренова)
Судија: Марјан Гоцевски
Фер-плеј екипа: Академија Пандев
Клуб – младинци: Шкендија
Играч – младинец: Џемаил Ибиши (Вардар)
стрелец – младинец: Флорент Рамадани (Шкендија)
Тренер – младинци: Филип Деспотовски (Вардар)
Играч – женски фудбал: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон)
Стрелец во женски фудбал: Ели Јаковска (ЖФК Истатов)
Тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)
Играч – футсал: Таулант Исмаили (Шкупи)
Тренер – футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи)
Признанија за посебен придонес: Албрим Ќира (Струга ТЛ) и Кочо Анѓушев (Борец)
Придонес за афирмација на мак – фудбалот: Ивана Пројковска
Признание: ФК Дарданет
Признание: Љупчо Перински
Награда за животно дело: Атанас Костовски
Постхумно признание: Слободан Брацо Вујчиќ
Посебна награда: Македонија до 19 години
Придонес за развој на репрезентивен фудбал: Стефан Ристовски