Доделени наградите на „Најдобрите во македонскиот фудбал“ за сезоната 2016/17
Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестација во Македонскиот Народен театар ги додели наградите на најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17.
Во шеснаесет категории годинешните награди ги добија:
Тренер: Гоце Седлоски (Вардар);
Играч во МФЛ: Стефан Спировски (Вардар);
Стрелец МФЛ: Бесарт Ибраими (Шкендија);
Тренер во женски фудбал: Кирил Изов (Истатов);
Фудбалерка во женски фудбал: Илза Максути (Јунајтед);
Стрелец во женски фудбал: Ленче Андреевска (Драгон);
Тренер во Футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи);
Најдобар играч во Футсал: Александар Глигоров (Велес);
Тренер во младински фудбал: Горан Станковски (Работнички);
Најдобар млад играч: Елиф Елмас (Работнички);
Стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (А. Пандев);
Најдобар клуб во младински фудбал: Работнички;
Фудбалски работник: Илија Матеничаров (А. Пандев);
Фер плеј екипа: Работнички;
Судија: Александар Ставрев;
Најдобар репрезент во странство: Енис Барди (Леванте).