Доделени наградите од литературниот конкурс посветен на Свети Климент Охридски
Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературнуот конкурс посветен на патронот.
Награди им беа доделени на :
- -Климент Колески, ученик во трето одделение во ООУ „Григор Прличев“, добитник на првата награда во прва категорија (за ученици од одделенска настава од прво до петто одделение)
- -Изабела Томановска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“-добитник на првата награда во втора категорија(за ученици од предметна настава од шестто до деветто одделение)
- -Јана Сиљаноска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“ – добитник на првата награда во трета категорија, за ученици од прва до четврта година)
WebOhrid / 08.12.2024 / Општина Охрид