Доделени признанија за ученици со континуиран одличен успех во ООУ „Живко Чинго“
Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти беше одржано свечено доделување на признанијата за учениците од IX одделение од ОУ „Живко Чинго“ за постигнат континуиран одличен успех во текот на школувањето, како и за учениците од одделенска настава за најдобри постигнати резултати на училишните натпревари.
Честитајќи им ги успесите на учениците, пред присутните се обрати директорката Љубица Ангелоска Кркачоска.
„Дојде и последниот наставен ден од оваа учебна година. Последното ѕвонче во 9-то одделение е одлика што го дели животот на преди и после. За учениците тоа е заповед „да се започне“, за родителите тоа е сигнал дека нивните деца пораснале, а за наставниците минута збогување со нивните сакани ученици.
Почитувани ученици, би сакала да ви посакам да не брзате да пораснете. Сè уште ќе имате време да пораснете, подобро е да уживате во времето што го имате сега. Сакам да ви го честитам успешно завршеното основно образование! Денес изгледате прекрасно, сите зрачите со ведрина и убавина. Вие ученици сте способни и креативни, и не се сомневам дека ќе станете вистински професионалци.
Честит празник за вас, мои најмили ученици и сакани полуматуранти. Нека сè во вашиот живот биде како што вие самите посакувате.
Ви посакувам многу здравје, среќа и успех во идното школување!“ – истакна директорката Љубица Ангелоска Кркачоска.
1. Марија Андоноска
2. Бојана Билкова
3. Влатко Кркачоски
4. Марија Митреска
5. Марија Ристеска
6. Петар Ристески
7. Марија Шенгулоска
8. Ива Кецкарова
9. Ана Шокароска
10. Александра Костадиноска
11. Климент Гонески
12. Зорица Маркоска
13. Софија Кецкароска
WebOhrid / 14.06.2023 / ООУ „Живко Чинго“ Велгошти