29/11/2024
Македонија

Документарецот “Македонскиот Дон Кихот” од Константин Плевнеш на “Балкан трафик” во Брисел

Документарниот филм посветен на еден од најголемите македонски сликари Владимир Георгиевски (1942-2017), „Македонскиот Дон Кихот“, во режија на Константин Плевнеш, а во продукција на ЕФА и со поддршка од Агенцијата за филм, ја продолжува својата европска и светска одисеја.

Имено, на годинешното издание на фестивалот Балкан трафик (21-24 април) во официјалната програма на фестивалот, филмот ќе се најде во придружба на исклучително значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа.

За одбележување е присуството во програмата на Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџимановитн., а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како Град на културата на Европа за 2021 година.

В.М.