26/11/2024
Охрид

Документарниот филм „Чистилиште на душата“ на репертоарот во Центарот за култура

Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид по повод верскиот празник Богојавление – Водици, својот филмски репертоар во 2021 година го започнува со документарниот филм „Чистилиште на душата”.

Режијата и сценариото на филмот е на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски. Филмот е снимен во 2010 година и истата година беше премиерно прикажан.

Сите љубители на филмот може да присуствуаат на проекцијата која ќe се прикажува на 18.01.2021 година (вторник) со почеток во 18:00 часот во големата сала на НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.

НУЦК „Григор Прличев” – Охрид ги обезбедува сите потребни протоколи за заштита од Ковид-19.

Влезот е слободен!